Дневен хороскоп: Финансиски проблеми и емотивно разочарување за еден знак

ОВЕН

Ги одработувате своите обврски нормално додека очекувате прилив на финансии. Емотивно сте незадоволни. Комуникацијата со саканата личност е нехармонична. Проблеми со реума.

БИК

Имате максимално одговорен однос кон работата. Тоа се гледа по добрите резултати. Односот со саканата личност е и понатаму проблематичен. Поточно комуникацијата е лоша. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работата не се одввива онака како што сте замислувале. За среќа, секогаш сте полни со идеи со кои пробувате да ги решите проблемите. Емотивно сте исполнети и се посветувате на партнерот. Стабилно здравје.

РАК

Фокусирани сте на работа. Доколку работата има врска со одмор или образование, ве очекува успех. Емотивно сте несреќни и неисполнети. Доста ви е самотија. Задоволително здравје.

ЛАВ

Амбициозни сте, вредни и кооперативни. Работниот тим успешно ги реализира работните планови. Полни сте со надеж дека новото познантство ќе се претвори во сериозна врска. Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Премногу сте критични кон идеите на колегите. Им наоѓате маани, а никако да ги видите предностите. Уживате во времето поминато со партнерот. Тој ве опушта и ве усреќува. Проблеми со грлото.

ВАГА

Работата не се одвива со онаа брзина која ја сакате, што малку ве демотивира. Односот со партнерот е катастрофален. За да избегнете понатамошни караници, ибегнувате комуникација со него. Малку сте се опуштиле и сте се препуштиле на храната.

ШКОРПИЈА

Фокусирани сте на решавање на проблемите. Нестрпливо чекате прилив на пари, но тој денеска нема да стигне. Имате нагласена потреба за љубов. Се посветувате целосно на односот со партнерот. Се чувствувате мрзеливо.

СТРЕЛЕЦ

Шармантни сте и тоа го користите за постигнување на работните цели. Саканата личност не се чувствува најдобро. И посветувате внимание и време што и помага да се чувствува подобро. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Незадоволни сте од ситуацијата на работа. Се распрашувате каде би можеле да најдете нова работа. Презадоволни сте емотивно. Размислувате дека бракот е нормално продолжување на вашата врска. Задоволувачко здравје.

ВОДОЛИЈА

Задоволни сте од соработката со колегите. Ви годи што се разбирате и покрај тоа што имаат целосно поинакви идеи од вашите. Емотивно сте неисполнети. Доста ви е караници со партнерот. Дигестивниот систем е чувствителен.

РИБИ

Имате оптимистички став кон работата. Си задавате уште поголеми цели. Емотивно сте исполнети со врската и тука не би менувале ништо. Делувате уморно, ви треба одмор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега