Директорот на Водовод се пожали: Сарај троши 15% од водата во Скопје а најмалку плаќаат сметки

Од изворот Рашче целиот град се снабдува со вода за пиење а се наоѓа на територија на општина Сарај во која се троши 15 проценти од водата од тој извор. А токму тука наплатата е исклучително ниска. Водата е ресурс што не смееме да го потцениме, бидејќи во иднина ќе се соочиме со проблеми доколку не ја подигнеме свеста за нејзиното рационално користење, а исто така и за наплатата, изјави Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје на седница на Советот на Град Скопје.

Перински пред советниците на Град Скопје ја најави инвестициската програма со која се предвидени средства за реконструкција и одржување на водоводната и канализационата мрежа

„Во периодот што следува, заедно со општините и Град Скопје ќе направиме план на приоритети, врз основа на кој ќе делуваме заедно со локалните самоуправи со цел што е можно повеќе да ја унапредиме оваа мрежа“, посочи Перински на денешната седница на Советот на Град Скопје.

 

20.01.2022 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега