Директорот на косовската полиција: „Тие пукаа во нас, а ние пукавме во нив - тешко се вооружени“
В.д. директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани за тамошните медиуми изјави дека во Бањска, каде синоќа беше убиен полицаец – припадник на полицијата на Косово, дошло до размена на оган меѓу полицајци и „тешко вооружени униформирани лица“. Тој не можеше да прецизира кои биле напаѓачите, но кажа дека поседувале оклопни возила.
„Гледаме вооружени лица, тоа е тешко оружје. Тие пукаа во нас, а ние пукавме во нив. Сметаме дека се работи за странски лица во униформа со тешко оружје“, изјавил Елшани за тамошните медиуми.
В.д директорот на полицијата не можел да потврди дали има нови повредени лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа