Димковски: Започна исплатата на „зелена нафта“ четири милиони евра кон 50.000 земјоделци

Трајан Димковски од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ кажа дека во време на најголема светска економска и енергетска криза, Владата и институции предводени од СДСМ продолжуваат со конкретна грижа за сите граѓани

„Посветени сме на инвестиции во земјоделството со цел зголемување и поголема конкурентност на домашното земјоделско производство.​ Започна распределбата на картичките за „зелена нафта“.​ Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 милиони денари или околу четири милиони евра за субвенционирана нафта за земјоделска механизација.​ Распределбата ќе се одвива во цел месец октомври со цел земјоделците навремено да ја добијат оваа мерка која значи помали трошоци.​ Со субвенционирата нафта ги олеснуваме условите за работа на домашните земјоделци и поттикнуваме зголемување на домашното земјоделско производство.​ Тоа е особено важно во време на светска криза, кога се јавува недостиг на храна и земјоделски производи“, вели Димковски.

Димковски кажа дека исплатиле субвенции за 6.396 млекопроизводители во вкупна вредност од над 153 милиони денари.

„Ова е субвенција за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот март, април и мај 2021 година, а веќе започна подготовката на налозите за исплата за јуни и јули. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети. Со одговорни и навремени мерки за намалување на трошоците на земјоделците го зголемуваме домашното производство на храна. СДСМ и во време на криза останува партнер и поддршка на сите земјоделци“, кажа тој.

01.10.2022 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега