Димитриеска-Кочоска: Мерките за стопанството и граѓаните никаде ги нема

„Повторно ново задолжување од 250 милиони евра со краток рок од 3 години и премногу високи камати за таков рок на отплата. А мерките за стопанството и граѓаните никаде ги нема“. Вака реагира преку ФБ статус, Гордана Димитриеска Кочоска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Како констатираа дека баш 250 милиони евра ќе бидат доволни, кога немаат никаков конкретен план за мерки?
Зошто земаа кредит на толку кус рок?
 
Дали случајно договорија грејс период од 18 месеци? Или владата си прави математики да издржи до редовни избори, а после секако ќе изгубат и друг да се мисли како ќе ги враќа парите кои баш тогаш доспеваат за плаќање.
 
Премногу прашања... Одговори не ни очекувам од неспособна влада, ама времето ќе покаже“, се наведува во статусот на Димитриеска Кочоска. 

27.09.2022 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа