Димитриеска Кочоска: Филипче каде исчезна 1/3 од македонскиот буџет?

Венко Филипче, твоите театрални настапи кои ти ги спрема дружината за односи со јавност веќе не поминуваат, пишува на Фејсбук Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Те прашувам како универзитетски професор, не се срамиш од таквото однесување? Секој ден имаш стотици новозаразени, имаш смртни случаи, а ти твојата неспособност ја криеш зад опозицијата? Па да, тебе те изненади снегот во јануари. Одговорен менаџер секогаш има по неколку сценарија кога сака да стигне до својата цел. Твојата цел која е? Да го спасиш народот или да ги наполниш џебовите?

Ти пишав и пред некој ден дека МОЈОТ ПОТПИС НЕ БЕШЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН. Исто така те прашав зошто Нина не го потпиша кредитот пред избори?

А сега те прашувам што им направивте на 1,1 милјарда евра кои ги потпишав токму за корона кризата. Каде исчезна 1/3 од македонскиот буџет. Дали ти човеку знаеш колку пари се тоа и дали си свесен колку си неспособен?

Денес ќе те поздравам со уште еден факт. Еврообврзницата ја побаравте на 800 милиони евра, а на крајот зедовте 700 милиони евра. Ти добро знаеш дека каматата на еврообврзницата иако повисока во однос на каматите во тој период, сепак беше пониска отколку каматата на кредитот од светска банка.

Зошто се одлучивте да земете 100 милиони помалку а поевтини од овие 90 милиони?

За крај, дај оставка спаси го народов, стои во објавата на Димитриеска Кочоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега