Детето на Џејми Ли Кертис е трансродово
Актерката од „Нож во грб“ и нејзиниот сопруг Кристофер Гест гледале во чудо и гордост на сè низ што поминува нивното најмладо дете – претходно познато како Томас – на патувањето да стане нивна ќерка Руби.
62-годишната sвезда е среќна што нејзиното потомство ќе се венча следната година.
“Гледавме со чудо и гордост како нашиот син стана наша ќерка Руби. Таа и нејзиниот вереник ќе се венчаат следната година на свадба што јас ќе ја организирам,” рече Џејми.
Џејми има и 34-годишна ќерка Ени, која е мажена, но во моментов нема внуци. „Сè уште не, но се надевам“, изјави актерката за AARP – The Magazine.
Sвездата од „Ноќта на вештерките“ призна дека искуствата на Руби ја натерале да ги преиспита своите „застарени идеи“ дека полот е фиксен концепт, а нејзиниот сопствен живот сега е „постојана метаморфоза“.
Бидејќи започнала да глуми од рана возраст, Џејми не мисли дека знае многу, па затоа секогаш се форсира да пробува нови работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа