Дете во Словенија починало во прегреан автомобил
Денес во градот Ловренц во Словенија дете заклучено во автомобил, починало поради прегреаноста во автомобилот.
Случаен минувач наишол на детето заклучено во автомобил. Иако брзата помош и пожарникарите интервенирале брзо, детето починало.
Покрај пожарниарите кои го извлекле детето, бил активиран и воен хеликоптер, но детето не можело да се спаси.
Институтот за јавно здравје упати апел до родителите никогаш да не го оставаат своето дете во автомобил бидејќи високата температура брзо може да стане фатална. „Топлината во паркиран автомобил брзо се крева и убива“, предупредуваат тие.
Во тек е истрага е за случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа