Детална временска прогноза за наредните денови - УХМР информира кога да очекуваме затоплување

 Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура и за време на викендот ќе биде облачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди. 

15.10.2021 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа