Детали за пукањето во Ѓорче: Одреден притвор за двајцата косовски државјани

 Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднело писмено известување за настанот што се случи на 01.03.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило „голф 5“ без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од лице од село Горно Свиларе, при што возачот на „мерцедесот“, син на поранешниот претседател на ИВЗ, Сулејман Рецепи, се здобил со прострелна рана во левата натколеница.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за определување краткотраен притвор од 48 часа против едно лице, косовски државјанин.

– Ваквата мерка беше побарана со цел да се обезбедат докази за евентуална инволвираност на тоа лице во кривично-правниот настан. Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен и на лицето со решение му е определен краткотраен притвор од 48 часа, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

За истиот настан, посочуваат во соопштението, уште едно лице беше лишено од слобода, но тоа лице е пуштено, бидејќи од МВР не биле обезбедени и приложени докази за негова инволвираност.

Надлежниот јавен обвинител денеска издал повеќе наредби за вештачење на биолошки траги, на чаури од испукани куршуми и други наредби за обезбедување докази.

– Од добиените резултати од наредените вештачења зависи дали ќе се потврди директната инволвираност во настанот на лицето за кое беше определен краткотраен притвор. По изготвување на овие вештачења, согласно Законот за кривична постапка, Обвинителството ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката, стои во соопштението од ЈО.​ 

Сулејман Реџепи, поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), во изјава за Лајм тврди дека пукањето кон неговиот син е нарачано дело.

Додаде дека двајцата Косовци кои полицијата ги уапси кај Качанички пат не се напаѓачите на неговиот син.

 

-Мојот син ги виде нивните слики и е сигурен дека тие не се напѓачите.Напаѓачот бил сам. Одредено време го следел син ми со кола без таблици, и кога тој застанал да го праша зошто го следи, пукал три пати“, рече поранешниот реис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега