Детали за големата акција на МВР: Запленети 67 килограми марихуана, уапсени шестмина (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за вчерашната акција во која беше запленета марихуана вредна околу 200.000 евра.

Портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ рече дека уапсени се шест лица, а запленети се 67,5 килограми марихуана.

-Во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две  торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и  А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија. Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од  с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на  криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од слобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево, рече Прањиќ.  

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

13.10.2021 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега