Денеска сончево - викендов ќе трупа снег

Во западните делови од земјава денеска претежно сончево и тивко време. Во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање.

26.01.2024 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега