Давал поткуп за гласови: Уапсен 50-годишник во Лозово

Полицијата попладнево привела 50-годишник од селото Милино бидејќи давал и нудел поткуп за претстојните локални избори.

-Денеска во 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари. Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Гласањето за првиот круг од локалните избори ќе се одржи в недела, а од вечерва на полноќ во сила стапува предизборниот молк.

 

15.10.2021 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа