Даштевски: Овие избори очекувам да бидат многу подобри од кои било досега

Државната изборна комисија (ДИК) е максимално подготвена за Локалните избори, изјави во интервју за МИА претседателот на Комисијата Александар Даштевски, и нагласува дека идеални избори не постојат, но се надева дека овие избори ќе бидат многу подобри од кои било други досега бидејќи се воведува гласање со отпечаток од прст.

„Можеби ќе има некакви проблеми, но ќе спречи најголем дел од нерегуларностите што постоеа кај нас. Затоа и се договорија големите партии да го воведат овој начин на гласање“, вели Даштевски во интервјуто за МИА.

Потенцира дека недоверливиот и доверливиот материјал во којшто спаѓаат и уредите за биометриска идентификација се навреме доставени до општинските изборни комисии и до изборачките одбори, како и дека за спроведување на изборите со уредите се направени три циклуси на едукација на нивните членови.

За денот на изборите, на 17-ти октомври, ќе бидат ангажирани 400 ИТ инжинери и експерти, 320 од ДИК и 80 од компанијата „Дермалог“ од која се набавени уредите, кои ќе се погрижат да се надминат сите проблеми со нивната примена.

Даштевски во интервјуто за МИА за јавноста уште еднаш појаснува каква ќе биде постапката за гласање, нагласувајќи дека е казнив секој обид за манипулација или неправилност или оштетување на уредите за проверување на отпечатоците од прсти на гласачите. Вели дека сè што се внесува како податок или колектира во уредите за отпечатоци од прсти ќе се проверува на брзи скенери во Државната изборна комисија.

 

15.10.2021 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега