Даниловски: ​Карантин од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот

Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе се случи невработеност, па и глад, да не бидам патетичен, проблеми со менталното здравје, ќе се соочиме и со епидемии од друг вид. Не смееме да дозволиме мерките да предизвикаат поголема штета од проблемот заради којшто се преземаат и затоа мораат да бидат дозирани. вели епидемиологот Д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5.

Клучот за „спас“ е во почитувањето на мерките, што мора да бидат дозирани, за да не се создадат други проблеми, додава Даниловски. Капацитетите на болниците ќе се прошират, ама, дали, за еден месец од сега, ако заразата се шери со исто темпо, ќе има кој да ги лекува болните е отворено прашање, вели Даниловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа