Д-р Стјепнаовиќ: Да се вакцинираат исти луѓе со трета, па може и четврта доза значи дека немаме колективен имунитет

Ако постојано ги вакцинираме истите луѓе, па макар и со четврта доза и понатаму сме ранливи и без колективен имунитет, нагласил д-р ихајло Стјепановиќ, директор на Клиниката за пулмологија во Србија, кој им предлага на колегите антиваксери, за почеток да волонтираат во ковид болниците.

-Да се вакцинираат постојано исти луѓе, и со трета, па може да дојде и четврта доза и понатаму значи дека не сме постигнале колективен имунитет и дека сме нарушени и ранливи. Сите мораат да се вакцинираат - рекол меѓу другото пулмологот.

Тој навел дека постојано му се јавуваат пациенти, но и пријатели и роднини, кои се вакцинирани и заразени.

-Тоа се лесни форми, како обична настинка - затнат нос, температури, ден-два. А, невакцинираните имаат многу тешки и подолги симптоми, а може да завршат и во болница, на интензивна нега, па и да починат. Сите гледаме дека и млади, невакцинирани може да завршат и на респиратор, што е сосема доволен знак за паника. А, плус дома ја носат болеста, па ги заразуваат и старите. И затоа е најважно да се вакцинираат - истакнал за Курир.рс д-р Стјепановиќ.

14.10.2021 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега