Д-р Предраг Ненадиќ: Децата најдобро ќе ги заштитите од корона вирусот ако им давате да го јадат ова

Докторот Предраг Ненадиќ зборувал за имунитетот кај децата, како да се зајакне, како да се одбранат од коронавирусот, како да се одвикнат од благото.

На кој начин децата да го подобрат имунитетот?

Тука нема голема разлика: деца и возрасни, се се сведува на храна и на начин на живот. Се се сведува на тоа како живееме, како спиеме, колку сме физички активни. Децата се главно физички активни, но сепак има многу кои не се. Ако дететот не е активно, тоа е голем проблем за неговиот имунитет, вели докторот.

Што децата треба да јадат за да го зајакнат имунитетот?

Децата треба да го јадат тоа што не го јадат. Пред се многу свежо овошје и зелечнук. Сега барем има пиперки, зелка, кељ, зелени салати, има и домати, брокули, многу лиснат зеленчук полно со втиамини и минерали. Сировата храна е многу важна. Овошје! Грозје. Со тоа се внесуваат ензими.

Денес околу 36 отсто од децата се гојазни, тоа е катастрофа и тоа го уништува нивниот лимфен систем. Гојазноста е голема препрека.

Децата треба да јадат и месо. Не можеме да кажеме сега дека месото не чини, затоа што тоа се заблуди. Без месо нема ни витамин Б, нема Цинк, нема Селен.

Треба децата да се пуштат да си играат. Сега не е време да одат боси, но на лето треба боси да газат на земја, на трева, да имаат контакт со електромагнетното поле на земјата, да прифаќаат позитивна енергија од земјата.

Како да се заштитат децата од коронавирусот?

Од круцијално значење вели докторот е внесувањето на пробиотици и пребиотици. Кефир, кисело млеко,јогуртот има доста скроб па не го препорачувам, младото сирење, киселите краставички, туршијата, киселата зелка...Но кога ќе се внесат пробиотици, а не се внесуваат пребиотици, тогаш тие пробиотици немаат голема ефикасност затоа што за нив храна се пребиотиците.

Со пробиотиците внесувате армија војниците кои го штитат вашиот организам. Ако таа армија немате со што да ја нахраните, џабе сте ја внеле - таа ќе биде уништена веднаш. Затоа е важно да се јадат и пребиотици - влакна. Што повеќе влакнеста храна - боранија, цвекло, јаболки, зелка, кељ, карфиол.

14.10.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега