Црна Гора со нова стратегија против коронавирусот

Мандатарот за состав на новата Влада на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, најави нова стратегија во борбата против вирусот корона, која, меѓу другото, предвидува укинување на Националното координативно тело и вклучување на граѓаните во процената на епидемиолошките мерки.

– Ќе одиме во две насоки, ќе донесеме нови мерки и ќе побараме нивно строго почитување. Планираме да спроведеме истражување меѓу граѓаните и врз основа на резултатите да го прилагодиме понатамошниот план на мерки – рече Кривокапиќ за „Дојче веле“.

Тој изјави дека ќе го распушти Националното координативно тело за инфективни болести, кое досега управуваше со борбата против епидемијата и дека ќе се формираат две стручни тела – Советот и Комисијата за контрола на заразни болести.

– Советот ќе се формира во рамките на Владата, која, врз основа на препораките на Советот, ќе донесе план за понатамошни мерки. Затоа, Советот ќе ја преземе функцијата на Националното координативно тело, и ќе предложи мерки во соработка со комисијата што ќе функционира во Министерството за здравство – објасни Кривокапиќ.

Тој додаде дека мерките најпрво ќе бидат предложени од Институтот за јавно здравје, а премиерот, во договор со членовите на Владата, ќе го прифати или одбие предлогот за мерките на Советот.

На прашањето како тој ќе обезбеди граѓаните да ги почитуваат мерките, кога сега ќе ги игнорираат, Кривокапиќ повтори дека ќе ги вклучи во евалуацијата на мерките.

– После турбулентен период на конфликти, превирања и недоверба, дојде време сите да разбереме дека мора да работиме заедно и да жртвуваме некои од нашите обичаи и навики со цел да обезбедиме здравје и здравје на блиските – рече Кривокапиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега