Црна Гора: Eдно лице се удавило, тројца се повредени - брановите ги фрлиле на карпите
Едно лице загина, а три се повредени во инцидентот што се случи околу 18 часот во заливот Траште, на карпите меѓу Пржинскиот залив (Син хоризонт) и населбата Марина на туристичкото место залив Луштица во Кртоли кај Тиват, пренесува „Вијести“.
Според неофицијални информации, младо лице се удавило во брановите подигнати од силен ветар, а три лица се повредени – најверојатно кога брановите ги фрлиле на карпите на брегот.
Помош за повредените пружила екипа на Службата за вонредни ситуации од комплексот Луштица, која и покрај многу тешките услови на море, успеала да го извади телото на удавениот.
За инцидентот била информирана и Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа на Црна Гора, која ги координирала спасувачките служби.
Инаку, управата денеска имала дури пет акции за спасување на капачите на плажа во Улцињ, чии животи биле загрозени поради невнимание и непочитување на црвените знамиња кои биле истакнати на плажите за капачите поради опасноста предизвикана од големите бранови и силниот јужен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа