Чешкиот министер за здравство поднесе оставка поради зголемениот број случаи на коронавирус

Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата.

Премиерот Андреј Бабиш му се заблагодари на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство доколку не мораше да ја потроши целата своја енергија борејќи се со коронавирусот.

Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Европа по Шпанија. Чешка пред летото ги укина сите мерки воведени за време на првиот бран на коронавирусот во земјата.

Во изминатите две недели, Чешка регистрира 193 случаи на 100.000 луѓе, информира Европскиот центар за превенција и контрола на болести. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега