Цената на гасот во Европа достигнува нови рекорди

 

Цените на гасот за Европа достигнаа нов рекорд затоа што санкциите на ЕУ за Русија може да ја засегнат и трговијата со овој енергент, а некои бродови кои носат течен гас за Европа веќе го сменија правецот на движење, пишува Ројтерс. Сепак рускиот гигант „Гаспром“ вели дека непрекинато испорачува гас во транзит низ Украина, кој заклучно со 4 март изнесува 109,5 милиони кубни метри“. Договорните обврски на „Гаспром“ за транзит низ Украина во 2022 година ќе достигнат 40 милијарди кубни метри или околу 109,6 милиони кубни метри дневно.

 

Велика Британија веќе нареди на сите руски бродови да им биде блокиран влезот во приштаништата. Вакви слични најави има и од некои од 27-те земји-членки на Европската унија.

Европскиот парламент во вторникот повика ЕУ да ги затвори своите пристаништа за руски бродови и за сите бродови кои доаѓаат или одат за Русија. Иако Парламентот не ги воведе официјално тие санкции и одлуката не беше обврзувачка, трговците изјавија дека има заострување на мерките за тргување со Русија, која снабдува 40% од природниот гас во ЕУ.

Не сите земји се снабдуваат со гас директно од Русија, но Германија, на пример, која најголем потрошувач на рускиот гас, сега добива помалку гас од Русија и мора да се снабдува од други извори, како, на пример, од Норвешка. Тоа, според експертите, ќе има мултипликативен ефект врз другите држави кои со гас се снабдуваат од оваа земја.

Скокот на цената на гасот не е последица на немањето доволно резерви туку на ризикот европските санкции да ја засегнат трговијата на гас со Русија.

Сепак, и покрај војната која се води меѓу Русија и Украина не ја спречи физичката достава на гас од Русија за Европа преку гасоводите. Дури достава на гас кој во Европа доаѓа преку цевководот кој поминува низ Украина оди непречено. Но, трговците и аналитичарите велат дека како што ескалира војната и санкциите се зголемуваат шансите за пореметување на доставата на гас, а токму тој факт ја дига цената на гасот на рекордни нивоа.

 

04.03.2022 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега