Бугарин и двајца тетовци во притвор - фатени со скоро 10 килограми марихуана

Попладнево, судија во претходна постапка на Основен суд Тетово одреди мерка притвор за три лица кои се сомничат за инволвираност во случајот со двете пронајдени вреќи со близу 9,5 килограми марихуана. Дрогата беше најдена од полицијата на пат за Тетовско Камењане во вторникот вечер.

Тие вчера околу пладне биле лишени од слобода во Скопје, по што се донесени во СВР Тетово.

-На Е.И.(26) и А.Д.(27) и бугарскиот државјанин Р. И.О.(30) судија им определи мерка притвор од 30 дена, поради основано сомнение дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тројцата осомничени ќе бидат спроведени во Казнено-поправната установа “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега