Бугарија за еден ден вакцинираше над 32.000 граѓани

Во Бугарија денеска се вакцинирани 32.482 лица, што е нов рекорд по бројот на вакцинирани против коронавирус за еден ден, рече министерот за здравство, Костадин Ангелов, и додаде дека целта е да се достигнат 50.000 вакцинирани за еден ден.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември лани, 877.124 лица ја примиле првата доза, а 251.202 втората доза, пренесува порталот „Софија глоуб“.

„Набргу ќе имаме милион вакцинирани граѓани“, рече тој додавајќи дека последните податоци за епидемијата покажуваат тренд на опаѓање.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега