Бугарија ја спушти рампата: За Македонија нема преговори за членство во ЕУ

Бугарија нема да го промени ставот за Македонија до крајот на годината и нема да ја одобри преговарачка рамка за земјата со ЕУ, соопшти прес-службата на преодната влада на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА, Владата го одобри ставот на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември. Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија и Република Албанија, како и до Рамковниот став за европската перспектива на Република Македонија и Албанија усвоен од Министерскиот совет на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година, ја дополнува информацијата бугарската владина прес-служба.

Во исто време, официјална Софија смета дека Тирана е подготвена да ги започне преговорите за членство со ЕУ.

-Сепак, двете земји во моментов се движат во пакет кон ЕУ. За Бугарија, основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат останува одлучувачки. Бугарија смета дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција, стои во соопштението од бугарската владина прес-служба. 

09.12.2021 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа