Брутална снимка го обиколи светот: Сите мислеа дека го „треснаа“ тинејџерот на подот поради тоа што не носеше маска, но сега се дозна вистината

Звукот од ударот со главата на подот на австралиски тинејџер  снимен на видео што кружи на социјалните мрежи, одекна низ целиот свет, како пример за „тиранија“ против оние кои не носат заштитни маски. Сепак, делот за маските е лага.

На видеото може да се види како еден чувар го дави слабиот тинејџер со зафат на грбот, кој потоа го фрла на подот, така што главата на младиот човек го погоди подот, произведувајќи силен звук. Потоа, чуварот го зема и го носи како кукла од партали и го исфрла од вратата.

Се испостави дека инцидентот се случил порано овој месец во хотелски паб недалеку од Мелбурн, а неидентификуван тинејџер бил протеран поради несоодветно однесување, јавуваат локалните медиуми.Очевидци изјавија дека 18-годишникот бил исфрлен од пабот пред снимениот инцидент, но потоа се искачил на оградата за да се врати и да им се придружи на своите пријатели.Кога обезбедувањето го фатило младиот човек по втор пат, тој избегал од нив, скокнал зад решетката и ги полил со пиво.

Потоа, чуварот го фатил, го удрил по главата и го стиснал за вратот се додека не се онесвести, изјавија очевидци.  Иако сите присутни реагираа по силниот тресок на главата на тинејџерот што удири на подот, никој од присутните не реагираше. Бруталната снимка бргу ја зграпчија корисниците на социјалните мрежи , изведувајќи лажни заклучоци, намерно или не, вклучувајќи и лица кои изјавиле дека тинејџерот бил грубо избркан затоа што не носел заштитна маска. Еден од нив е Чак Калесто, републикански кандидат за Конгрес.

Конзервативецот Јан Мајлс Чеонг се обиде да ја објасни ситуацијата, повикувајќи ги своите 317.000 следбеници на Твитер да не бидат жртви на пристрасни проценки. Тој додаде: „Не е неопходно да се измислуваат лаги за борба против тиранијата“.

Други истакнаа дека, без оглед на тоа што доведе до бркање, однесувањето на безбедносните работници е неприфатливо.

Полицијата сега го истражува инцидентот, а неидентификуван тинејџер изјави дека можел да настрада од претрпениот удар со главата на подот. Портпарол на хотелот изјави дека работникот за обезбедување сè уште бил на своето работно место, но тој бил предупреден затоа што „немилиот инцидент можел да се реши многу подобро“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега