Брнабиќ за Рама: Не можам потопло да се ракувам со човекот кој повика да се воведат санкции кон Србија

 

 

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека на самитот на Берлинскиот процес во Тирана се разговарало за ситуацијата на Косово, настаните во Бањска и дијалогот меѓу Белград и Приштина, но оти немало никаков притисок.

Таа додаде дека разговарале и за тоа што следува во рамките на дијалогот, Бриселскиот договор, Заедницата на српските општини.

„За Србите во Косово, апсолутно нема основни услови за нормален живот“, рече таа и додаде дека бара за тоа повеќе да не се разговара како политичко, туку хуманитарно прашање.
На новинарско прашање зошто по пристигнувањето студено го поздравила албанскиот премиер Еди Рама, таа рече дека така се чувствува и дека не може посрдечно да се ракува со човекот кој повика да се воведат санкции кон Србија.

„Понекогаш не си само политичар, понекогаш си и човек, не знам што направи, тоа не е во склад со добрососедските односи, со она што го правиме во рамките на Отворениот Балкан“, изјави таа за новинарите во Тирана.

Србија, додаде таа, не направи апсолутно ништо за да бара санкции.

„Тоа не треба да се сфаќа лично, јас сум тука, разговаравме, ќе продолжиме да разговараме, секогаш сме отворени за најдобри можни односи со албанските институции“, додаде таа.

17.10.2023 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега