Брнабиќ: Со „Отворен Балкан“ регионот ќе има иднина

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Иницијативата „Отворен Балкан“ ќе му овозможи на овој регион да има поинаква иднина, ќе овозможи поврзување на луѓето во регионот на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и поинаков, многу подинамичен економски раст и развој.

– Некаде имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Албанија, во Албанија и делумно во Северна Македонија, имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Србија, но всушност тоа е иницијатива која ќе овозможи регионот да има поинаква иднина, поврзување на луѓето на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и различен, многу подинамичен економски раст и развој – изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека ќе има целосно слободен проток на стоки, што е важно за инвеститорите, но и за српските компании, чиј пазар е првенствено во овој регион.

– Тоа е уште поважно за домашните отколку за странските инвеститори во Србија, бидејќи нивниот пазар, пред се, е во овој регион – кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека оваа иницијатива е важна и за младите луѓе кои ќе имаат можност полесно да патуваат и полесно да најдат работа.

– Ќе ни биде полесно да донесеме големи странски инвеститори бидејќи се поголем проблем ќе биде работната сила, а кога ќе имате единствен пазар и работна сила, тие полесно ќе дојдат.

Се надевам дека и другите партнери од Западен Балкан полека ќе ни се придружат, а и ако тоа не се случи, ќе имаме голема придобивка за луѓето и економијата, како и огромна политичка корист, бидејќи ќе покажеме дека сами можеме да водиме сметка за себе и за нашата судбина – изјави Брнабиќ.

31.07.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега