Брнабиќ: Ги исполнивме сите барања од еколошките протести и ставивме крај

 

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва соопшти дека владата на Срнија на денешната седница ги укина уредбата и просторниот план на специјалната намена за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит, од 13 февруари 2020 година.

– Во последните неколку месеци имавме простести во врска со Рио Тинто кој е во Србија од 2004 година. Тогаш ги добија првите дозволи за истражување и почнаа во 2006 година. Потоа беа измените на Законот за рударство. Ги имаме барањата на еколошките организации. Нивните барања се – укинување.

Таа истакна дека на седницата е укината одредбата за експлоатација на литиум од минералот јадарит.

– На штотуку завршената седница беше укината наредбата за експлоатација на литиум од минералот јадарит, укинат е просторниот план и повеќе не постои. Затоа се поништени сите дозволи и решенија и решенија со компанијата Рио Сава, рече Брнабиќ.

– Со ова ги исполнивме сите барања на еколошките протести и ставивме крај на Рио Тинто во Србија. Со ова, што се однесува до проектот Јадар, сѐ е готово, изјави Брнабиќ.

 

20.01.2022 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега