Британците збеснаа по интервјуто на Меган и Хари: Одземете им ги титулите ова е непочитување

Интервјуто кое целиот свет го чекаше заврши и никој не остана рамнодушен по се што рекоа принцот Хари и Меган Маркл. Голем број Британци се лути, до таа мера што бараат да им се одземат титулите, бидејќи сметаат дека Меган и Хари покажаа големо непочитување кон кралицата Елизабета.

Се огласи и британскиот водител Пирс Морган, кому славната двојка честопати беше мета на критики и имаше многу да каже.

- Ова интервју е срамно предавство на кралицата и кралското семејство. Очекував такво злобно и деструктивно себично однесување од Меган Маркл, но срамота е за Хари да и дозволи вака да зборува за своето семејство и монархија - гласи неговиот твит, но тој не застана тука.

- Хари сака Америка и остатокот од светот да го мразат неговото семејство и монархијата и неговата земја. Предлагам да почекаме жртвите на дивјаштвото на неговата сопруга да одговорат пред тие да започнат да мразат - напиша тој во новиот пост.

Продолжи со твитовите.

- Да појаснам: Принцот Хари и неговата сопруга поминаа два часа клеветувајќи сè што претставува кралицата и за што работеше напорно за да преживее, истовремено преправајќи се дека ја поддржуваат. Сето тоа го правеа додека нејзиниот 99-годишен сопруг Филип беше тешко болен и лежеше во болница. Тоа е за презир - напиша водителот.

Многу други Британци имаа што да кажат на оваа тема.

- Дали Меган само го нарече кралското семејство расисти? Таа навистина се обидува да предизвика проблеми со ова интервју, но станува збор за семејството на Хари. Лично, мислам дека Меган и Хари треба да бидат лишени од титулите. Претераа со ова 

- Се надевам дека кралицата ќе им ги земе на Меган и Хари сите титули што им ги даде пред три години. 

- Меган и Хари се навреда за оваа земја, нејзиното височество треба да им ги одземе титулите.

- Каква кучка. Се надевам дека таа и Хари ќе ги загубат титулите. Таа не знае како да се однесува и не заслужува да има ништо со кралското семејство. Полусестрата на Меган беше во право 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа