Бред Пит ја отвори душата: Цел живот сум несреќен и осамен

 

Актерот Бред Пит во емотивно интервју за магазинот „ГеКу“ отворено зборува за деталите од животот и некои ситуации за кои јавноста не знаела. Открива што го мачело во животот и дали бил среќен.

Никогаш не криел дека во бракот со Аџелина Џоли се чувствувал депресивно. Причина за тоа биде несогласувањата последните години од бракот и однесувањето на Џоли која умеела да биде многу незгодна.

Актерот сега открива други детали од животот. Се чини дека причина за неговата депресија не била само Анџелина, туку тој често се чувствувал осамено, дури и кога бил дете.

-Во животот секогаш се чувствував осамено. Растев сам, како дете, дури и сега. Дури неодамна ја достигнав среќата во прегратката на семејството и пријателите, изјавил Бред Пит.

23.06.2022 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега