Божиќен кактус: Што треба да направите за да има бујни цветови цела зима

Што треба да направите за божиќниот кактус да почне бујно да цути? Тешко е да се поверува дека постои цвет кој мрази сонце, а обожава вода, но постои. Токму таков е божиќниот кактус или декември.

Името го добил по тоа што бујно цути од крајот на ноември па сѐ до крајот на јануари. Нема поубав зимски цвет од овој, но во многу домови оваа билка ретко цути.

Многумина грешат, па го негуваат овој прекрасен цвет како да е кактус. Иако го носи овој збор во своето име, божиќниот кактус е цвет кој не смее да се остави без вода и во просторија со сув воздух.

Правила за нега на божиќен кактус:

1. Запомнете дека божиќниот кактус обожава индиректна светлина. Температурата на воздухот мора да изнесува најмалку 15 степени Целзиусови.

2. Кога ќе дојде лето, ставете го овој цвет на балкон, бидејќи му треба воздух. И не заборавајте секој ден да го полевате.

3. Божиќниот кактус е каприциозен цвет кој не смее да се допира во сезоната на цутење: ако во текот на цутењето ја преместите саксијата или само ја свртите, тој ќе престане со цутење.

4. Кога ќе дојде пролет, снабдете го божиќниот кактус со ѓубриво за цвеќе. Билката најмногу ќе расте во текот на летото, па тогаш ставајте ѝ ѓубриво два пати месечно. Престанете да ја прихранувате во септември.

Кујната е просторија со најмногу бактерии, научете да…

5. Никогаш не ги сечете со ножици или со нож вишокот израстоци, туку откинете ги со рака. Билките што вака се формираат, поубаво и побогато цутат.

6. Божиќниот кактус се пресадува кон крајот на февруари, кога конечно престанува да цути.

Важна напомена: младите билки пресадувајте ги еднаш годишна, а постарите билки еднаш во 5 години. Саксијата нека биде плитка и широка. Третина од саксијата нека биде наполнета со дренажна земја, додека остатокот може да биде исполнет со домашна земја измешана со крупен песок или иситнет јаглен.

7. На почетокот на декември, овој цвет ставете го во добро осветлена просторија, но никако на директно сончева светлина. Тогаш ќе се разбуди и бујно ќе расцути.

Совет плус:

Кога божиќниот кактус ќе престане да цути, постепено намалете со полевање, ставете го на ладно и темно место до крајот на март. Оставете го да одмори од цутење. Кон крајот на март, билката започнува вегетативен период, па цветот можете да го префрлите на неговото вообичаено место.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа