Борел за нападот врз косовска полиција: Да се увидат сите факти - сторителите мора да се соочат со правдата
„Најостро го осудувам страшниот напад од вооружена банда врз припадниците на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните сторителите мора да се соочат со правдата“, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во врска со актуелната ситуација во Косово.
Како што наведе, во тековните конфликти во околината на манастирот Бањска се загрозени неколку невини животи.
„Овие напади мора веднаш да престанат. ЕУЛЕКС е на терен и е во близок контакт со властите и КФОР. ЕУ и нејзините земји-членки постојано ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово“, рече Борел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа