Бонучи: Сонував да ме тренира Пеп, за малку ќе заминев во Сити

Италијанскиот дефанзивец открива дека лани и во 2016 година ил блиску до трансфер во Манчестер Сити, но сепак желбата да тренира под водство на каталонскиот стратег му останала неисполнета.

Столбот во одбраната на Јувентус и на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи, открива дека Пеп Гуардиола во неколку наврати пробувал на го донесе на Островот, а еднаш преговорите биле и речиси завршени.

„Имав сон да бидам трениран од Пеп. Најблиску до тоа бевме во 2016, бев на чекор да му се приклучам на Сити. Дојдовме до најситните детали кога Јувентус одлучи да не ме продава“, открива Бонучи говорејќи за The Athletic.

Наместо во Манчестер, на изненадување на многумина наредната година се пресели во Милан.

„Одлучивме да останеме заедно. Потоа, кога заминав во Милан, можев да отидам во Сити, но некои коцки требаше да се поклопат за да се случи тоа. Воедно, му имав дадено збор на Милан. Минатата година повторно разговарав со Пеп“.

Лани Пеп повторно направил обид да го донесе на „Итихад“, но повторно безуспешно, овој пат поради самиот Лео.

„Сакаше да дојдам, но му реков: ‘Јувентус е мојот дом. Среќен сум тука. Тука се чувствувам како дома’. Сакав да го надополнам изгубеното со одењето во Милан на една сезона. Тоа што повторно станувам симбол на Јуве е највозбудливата работа која би можел да ја правам во кариерата во моментов“, заврши тој.

29.09.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега