Болсонаро со нова изјава која го запрепасти светот: Зборуваше за коронавирусот и неговото настанување

Болсонаро и неговите соработници и во минатото давале изјави за Кина кои понекогаш ги нарушувале односите со најголемиот трговски партнер на Бразил.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјавил дека новиот коронавирус можеби е направен во лабораторија за да се води "биолошка војна".

Тој рекол дека тоа е нов вирус и дека никој не знае дали настанал во лабораторија или бил предизвикан бидејќи некој човек изел животно кое не смеел да го изеде.

"Но, војската знае се за хемиска, биолошка и радиолошка војна. Дали е можно да водиме нова војна, се прашувам. Чиј бруто-домашен производ најмногу порасна", вели Болсонаро.

Како што наведува "Guardian", иако бразилскиот претседател не ја означил Кина директно, таа земја е единствената членка на "Г20" која минатата година забележала раст.

Болсонаро и неговите соработници и во минатото давале изјави за Кина кои понекогаш ги нарушувале односите со најголемиот трговски партнер на Бразил.

Бразилскиот претседател во март го сменил тогашниот шеф на дипломатијата Ернесто Арауж, кој ја осудил "маоистичка Кина" и нејзиниот "план за светска доминација".

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега