Болниците на истокот од Чешка преполни- 1600 пациенти ставени на респиратор

Чешките болници пријавија рекорден број пациенти со Ковид-19, покажуваат најновите податоци.

Вкупно 8.162 лица од Ковид-19 се на лекување во болниците, а Министерството за здравство посочува дека ова е најголем број од избувнувањето на пандемијата.

„1.600 од нив имаат многу тешка форма на болеста поради што се ставаат на респиратори“, известуваат од чешкото Министерство за здравство.

На истокот од Чешка активиран е план за вонредна состојба поради тоа што болничките капацитетит се на работ на пополнетост, пишуваат чешките медиуми.

Додаваат дека со оглед на очајната ситуација, за лекување на пациентите ќе се користат и претежно непроверени лекови.

Во меѓувреме, големите компании почнаа со масовно тестирање на своите вработени, а во наредните две недели, по наредба на владата, над два милиона работници и вработени ќе бидат тестирани барем по еднаш на коронавирус.

 

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега