Битолчанец правел „парче“: Кривична пријава за тешки кражби, загрозување на сигурност и разбојништва

Криминалистичката полиција при СВР Битола поднесе пријава против 32-годишниот М.А. поради повеќе тешки кражби, загрозување на сигурност и разбојништва.

„М.А.(32) од Битола затоа што во период од месец март до месец септември 2022 година извршил седум кривични дела од кои една разбојничка кражба, четири  кражби, една тешка кражба и едно загрозување на сигурноста со опасно орудие, сите на подрачјето на Битола,при што влегувал во куќи и станови и одземал пари, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист. Последното кривично дело М А. го извршил на 27.09.2022  во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело “Разбојничка кражба“  во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот“, информираат од МВР.

Лицето е лишено од слобода и истото ги признало делата во целост.

01.10.2022 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега