Битиќи: Нови мерки за справување со кризата по усвојување на ребалансот на буџетот
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека нови мерки за справување со кризата започнуваат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на буџетот во собранието.
„Мерките се наочени, кон најранливите категории, притискот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и комапнии“, рече Битиќи, додавајќи дека и три програми за земјоделието преку интервентниот фонд не можат да поминат додека не се изгласа ребаланост.
Тој нагласи дека сите мерки што се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во одреден период, секоја мерка може да има последователни негативни ефекти на друга страна.
„Ние имавме намалување на даночни стапки и за производи и за горива и за енергенси, за енергенсите останаа“, рече Битиќи додавајќи дека за опозицијата ребалансот е задоцнет, но затоа има поднесено 800 амандмани.
Во врска со наглото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи рече дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат.
„Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми“, потенцираше Битиќи.
Потпретседателот Битиќи нагласи дека задолжувањето вчера падна за 2,2 проценти и им порача да граѓаните дека не треба да се грижат за задолжувањето, додека оди за продуктивни цели и за справување со кризата.
„Се задолживме за време на пандемијата, но имавме пад на економијата помал за 4,2%. Заради тоа спасивме 60.000 работни места, не е продуктивно само на направиш зграда или пат, продуктивно е да спасиш едно семејство од губење работа. Задолжувањето за да спасиме граѓани од кризата, да обезбедиме енергетнси, електрична и топлинска енергија, да креираме работи места, да продолжиме да инвестираме во инфараструктруа е продуктивно. Нема лавови и други работи, тоа е непродуктивно“, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, за „Утрински брифинг“
14.06.2022 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа