Битиќи: Нема да има ваучери како „купувај домашно“, но ќе има мерки за ублажување на кризата

Битиќи рече дека од септември се планираат мерки за помош на граѓаните, но не прецизираше какви, само потврди дека најверојатно нема да има ваучери како поранешните „купувај домашно“.

 

-Не би кажал дека може да очекуваме ваучери, но ќе има мерки за ублажување на кризата. Не би можел да кажам и дека ќе бидат слични мерките за граѓаните зашто во овој момент се гледа што најбрзо ќе даде ефект. За жал, не сме во можност и ситуацијата не е таква како во првиот период на КОВИД кога можевме да овозможиме. Тогаш интервенциите беа да одговориме соодветно за да ја задржиме економијата да не паѓа уште повеќе, објасни Битиќи.

Навраќајки се на неодговорното однесување, тој како пример го посочи земјоделскиот сектор. Се даваат, потенцира, огромни субвенции, а производството се намалува.

-Поради тоа и отворивме јавна дискусија за реформи во моделот на субвенционирање. Вистинските земјоделци не треба да стравуваат. Тие ќе добијат достоинствени субвенции, но оние што се обидуваат на нивен грб да профитираат, треба да бидат загрижени, рече Битиќи. 

17.08.2022 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега