Битиќи: Не може цената да се зголеми 20 отсто за 24 часа, ќе реагираат инспекциите
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќ кажа дека е огорчен од бранот поскапувања во претходните денови.
Битиќи кажа дека трговците се служат со манипулации со цените и ќе реагираат инспекциите поради тоа.
„Ги следиме цените во последните три дена и заклучивме дека има некоректно, неетичко и неморално однесување на дел од компаниите со зголемување на цените. Не може цената да се зголеми 20 отсто за 24 часа, кога производствената цена не пораснала за 20 проценти за еден ден. Очекуваме соодветна реакција од инспекциите“, кажа Битиќи.
03.06.2022 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа