Бислимоски: Експертите за вирусот сега станаа експерти за енергетика
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски кажа дека растот на курсот на доларот предизвикува притисок врз цените на горивата.
Бислимоски вели дека не треба да се прават споредби со тоа колку пари била нафтата на светските берзи во минатото со цените во Македонија кои важат сега.
„Вредноста на доларот е над 59 денари и тие квазиексперти кои кажуваат колку пари била нафтата пред шест-седум години, ја кажуваат само таа работа, а не кажуваат дека доларот бил 40 денари. Експертите за ковид станаа експерти за енергетика, за цени на светски берзи и сакаат да привлечат внимание“, вели Бислимоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа