Безобразна сцена од серијата на „Нетфликс“ главна тема на социјалните мрежи: „Сакам да имам таква куќа и да го доживеам истото“ (ВИДЕО)

Сцената од серијата на „Нетфликс“ – „Bridgerton“, е главна тема на социјалните мрежи.

Станува збор за секс сцена на двајца ликови која што се одвива во библиотека, поточно на полиците од библиотеката и која што многумина веќе ја нарекуваат најжешка сцена во проектите на „Нетфликс“ досега.

„Откаде имаат право да направат оваа сцена да изгледа толку многу добро? Сега сакам да живеам во таква куќа и да доживеам секс како нивниот“, „По оваа сцена можам само да кажам дека сакам дома да имам библиотека со такви полици“, „Сценаристите за таа сцена имале само една идеја – ќе направиме епизода за сексот“, „Очигледно морам пак да ја изгледам епизодата“, коментирале гледачите.

Екипата на Твитер била дополнително изненадена од информацијата дeка жешката сцена е првата која актерите ја снимиле заедно.

Инаку, серијата е инспирирана од истоимен роман, а ја следи приказната на ќерката на моќното семејство Дафне Бридгертон и нејзините доживувања на лондонската сцена, а нејзе најважно ѝ е да се омажи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега