Бесими: Со ребалансот на буџетот се предвидува покачувања на платите

 

Министерот за финнсии, Фатмир Бесими на гостување на „Тв 24“ кажа дека со ребалансот на Буџетот, за кој деновиве се расправа на собраниската Комисија за финансисрање и буџет, се предвидуваат покачувања на платите за здравството, високото образование, основното и средното образование и детската грижа, правосудството и Министерството за внатрешни работи. Исто така, се предвидуваат средства за субвенционирање на придонесите за покачување на платите во приватниот сектор. 

Министерот истакна дека со ребалансот има планирано средства за раст на платите од 15% во павосудството, средното и основното образование и детската грижа, 7% раст на платите во високото образование и  5% раст на платите во МВР и здравството.

 

Во однос на барањата на дел од синдикатите за покажување на платите во јавниот сектор, Бесими посочи дека преговорите во Владата се во тек во насока на изнаоѓање на издржано решение.

Бесими рече дека се работи на одржлив модел на раст на платите во јавниот сектор, којшто ќе се заснова на продуктивноста на економијата и животниот стандард на граѓаните.

14.06.2022 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега