Бектеши кажа кога се очекува намалување на цената на зејтинот

 

Во однос на прашањето со состојбата со маслото за јадење министерот Бектеши, посочи дека Северна Македонија ги има потребните количества за задоволување на внатрешните потреби.

– Во јавноста е креирано мислење дека ние 100 проценти увезуваме од Србија, што не е точно. Нерафирано масло и сончоглед, Северна Македонија главно увезува од Република Бугарија и моментално се увезува од Украина, затоа што трговците, сигурно во соработка со државните институции, отвориле различни коридори за да се увезува маслото, рече Бектеши.

Тој исто така одговараше на прашање како е одлучено да се извезува маслото за јадење во Албанија, односно истакна дека кризата треба да ја менаџираме заеднички како регион.

– Со цел да бидеме посолидарни и да ја зголемиме трговската размена меѓу нашите држави мислевме дека е соодветно да извезуваме рафинирано масло за јадење. Што се однесува до нерафинираното масло и сончогледот, моментно имаме доволни количества за производство. Намалувањето на цената на маслото за готвење зависи од светската берза и увозните цени. Но, ако се отворат сите коридори на увезување од Украина, која е најголемиот производител на сончоглед не само во Европа, туку и пошироко, тогаш верувам дека ќе имаа стабилизирање на цените, рече Бектеши.

13.05.2022 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега