Бектеши-Балуку: Двете Влади засилено работат на реализација на стратешки определби за поголемо регионално поврзување
Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на посетата на Тирана денеска одржа средба со албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку. На средбата се дискутирало за заедничката реализација на проекти за инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза.
Како што информира прес-службата на Бектеши, двајцата министри на состанокот потенцираа дека и во иднина Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да соработуваат со цел реализација на проекти коишто ќе бидат во интерес на граѓаните на двете земји.
– Како две соседни земји ќе продолжиме да носиме мерки за справување и со енергетската криза, но и да реализираме проекти за наше поврзување и на енергетски план и на инфраструктурен план. Доказ за нашите цели и заложби се тоа што и двете Влади засилено работат на реализација на стратешки определби за поголемо регионално поврзување, истакна Бектеши на средбата со Балуку.
Во делот на соработка помеѓу двете земји, двајцата министри го потенцирале проектот за Интерконективно поврзување преку Изградба на интерконективен надземен вод од 400 kV Битола (MK) – Елбасан (AL) кој претставува последен дел од реализацијата на коридорот 8 (Исток – Запад) за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа