Бекамови се подновија со луксузна јахта

И славните домаќини се чини дека добро се снаоѓаат додека ги служат гостите со пијалаци на сребрен послужавник пред да тргнат на мини крстарење по зајдисонце на бродот произведен во Италија.

Минатиот месец беше објавено дека Дејвид се почестил со луксузниот брод во кој помогнал да се дизајнира по инспирацијата од поморските излети со Елтон Џон и Дејвид Фурниш, кои често летуваат на море.

Извор откри за весникот „Сан“ дека Дејвид разгледувал некои јахти летово и решил да се почести. Тој самиот помогнал во дизајнирањето на пловилото.

 

„Не е мегајахта во стил на олигарх, но е прилично добра. Дејвид доби инспирација по одморот со Елтон Џон и Фурниш на нивниот брод – и го засака животот на вода“.

„Ќе има простор за нуркање на децата, а бродот ќе биде одлична основа за целиот клан Бекамови за магични одмори во странство“.

 
21.01.2022 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа