Барбара Шет за депортацијата на Новак: „Поголем дел од Австралијците не го сакаа во земјата“

Тениската водителка на „Еуроспорт“ и поранешната топ 10 тенисерка во светот, Барбара Шет, го изнела своето мислење за депортација на Новак Ѓоковиќ.

Изминативе денови ги одбележа веста за протерувањето на најдобриот на светот од Австралија, откако Федералниот суд на инсистирање на министерот за имиграција Алекс Хок, му ја одзеде визата за престојување во таа земја.

На тој начин на Ѓоковиќ му беше оневозможено да ја одбрани титулата на Австралија опен, што ги шокираше поголем дел од љубителите на тој спорт во светот.

„Последните неколку седмици сите зборуваат за Новак Ѓоковиќ. Патував наоколу - бев во Сиднеј, во Аделаида и дури луѓето кои не се љубители на тенисот го следеа овој случај. Сега конечно дојде крајот на сагата и тоа е мало олеснување за австралиските жители. Поголем дел од нив, морам да кажам, сакаа Новак да ја напушти земјата. Носењето на одлуката траеше многу долго, но сега сите можат да здивнат и сите сметаат дека тоа беше исправно“, изјавила познатата водителка, па додала:

„Не е добра работа за турнир кога ќе останете без број еден играчот, играч кој го освоил Австралија опен девет пати и кој сакаше да ја освои 21-та гренд слем титула. Тоа е тежок удар за турнирот. Сега среќните губитници од квалификациите ќе влезат на местото на Ѓоковиќ, тоа ќе биде голема загуба за турнирот. Меѓутоа, има толку прекрасни играчи на кои луѓето треба да обрнат внимание. Сигурна сум дека Новак Ѓоковиќ ќе се врати, но не во овој момент, тука во Австралија“, изјавила Барбара Шет.

Таа потоа зборувала и за расположението меѓу останатите играчи, учесници на Австралија опен.

„Некои исто така сметаа дека не е исправно што Ѓоковиќ не смее да влезе во земјата како невакциниран. Мислам дека тоа што на сите играчи им беше заедничко е тоа што ова предолго траеше и дека требаше да се донесе одлуката порано. Така е како што е, сите продолжуваат понатаму и размислуваат и за своето учество на турнирот. Некој во машката ждрепка ќе има шанса да го освои Австралија опен, а ние ќе имаме нов шампион“.

19.01.2022 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега