Автомобил се забил во неосветлен трактор, сообраќајка на патот Делчево – Пехчево

Поради сообраќајна несреќа кај месноста Попов Мост, отежнат е сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево.

На местото на несреќата во моментот полициски екипи вршат увид, а оттаму информираат дека до несреќата дошло откако автомобил Ауди се забил во неосветлен трактор.

Според првичните информации во сообраќајната несреќа нема повредени лица.

Повеќе информации за причината за несреќата од полицијата најавија во текот на наредниот ден.

31.03.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега