Австриски Тирол стана едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој во Европа

Австрија ќе добие дополнителни 100.000 дози од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19.

Овие дози ќе служат за да се вакцинираат возрасните во алпскиот регион Тирол, едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој на коронавирус во Европа, соопшти денеска владата.

Минатиот месец австриската влада воведе негативен тест на коронавирус како обврзувачки за напуштање на Тирол.

Студиите покажуваат дека постојните вакцини може да бидат помалку ефикасни против оваа варијанта.

„Нашата цел е да го потиснеме овој вид најдобро што можеме. Овој вид коронавирус претставува закана за сите нас, не само во Тирол туку и во цела Австрија“, рече канцеларот Себастијан Курц.

Курц додаде дека ќе бидат спроведени истражувања за да се утврди дали вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против јужноафриканскиот сој до степен до кој владата очекува.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега