Арсовски: Советник од СДСМ за три години земал стотици илјади евра од тендери

Во едно сме сите сигурни, а тоа е дека функционерите од редовите на СДСМ изминативе три години живеат единствено на на грбот на граѓаните и со парите на граѓаните. Изминативе 3 години откако е СДСМ на власт гледаме само скандалозни и наместени тендери, криминал, корупција, неуспеси и пропаст за нашата држава. Функционерите од редовите на СДСМ наместо да работат за граѓаните, работат за себе и за своите џебови и ги испумпуваат парите од буџетот на Република Македонија.

Ова денеска на прес-конференција од партиското седиште го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според советникот во Град Скопје Бојан Ивановиќ добивал тендери за маркетинг услуги.

-Фирмата Бригада Дизајн, која го подели тендерот од 200.000 евра за маркетинг услуги со уште една друга маркетинг агенција од Фондот за иновации, редовно си добивала тендери од државни институции од 2018 година па навака, и тоа откако дојде СДСМ на власт, иако Бојан Ивановиќ кој што е еден од челните лица на агенцијата, е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје кај Петре Шилегов и е редовен поддржувач на политиките на СДСМ. Годините 2018, 2019 и 2020 биле навистина плодни за советникот на СДСМ, кој ја води фирмата Бригада Дизајн. Бојан Ивановиќ од СДСМ во 2018 година од Фондот за иновации зема тендери во висина од 2.7 милиони денари, за потоа на крајот на 2018 односно почеток на 2019 година исто од Фондот за иновации да земе тендер во висина од 1.4 милиони денари, за потоа да земе и тендери од Регулаторната комисија за енергетика во 2019 година во висина од над 500.000 денари за промоција на регулаторната комисија. За 3 години без последниот тендер оној од 200.000 евра, советникот од СДСМ земал над 4.5 милиони денари, а заклучно со последниот над 10 милиони денари, пари од граѓаните, кои што завршиле во џебот на еден советник од редовите на СДСМ во Град Скопје, рече Арсовски.

Според него, додека советникот од СДСМ Бојан Ивановиќ земал тендери од Регулаторна, а РКЕ ја поскапувала цената на струјата.

- Нормално како што говоревме и претходно, овие пари од повисоката цена завршуваат во редовите на СДСМ. Исто така да потенцираме дека тендерите кога ги зема овој Бојан Ивановиќ кој е советник од СДСМ се во изборни години, односно во 2018 година кога СДСМ организираше и учествуваше на референдум, во 2019 година кога беа Претседателските избори за Стево Пендаровски и во 2020 година односно кога беа Парламентарните избори. Оттука потекнува сомнежот кој го изразивме и вчера дека можеби СДСМ ги финансира своите кампањи преку државните институции, од државните институции, односно со парите на граѓаните коишто ги испумпува преку своите советници, функционери, нивни блиски фирми, а тука станува збор за стотици илјади евра испумпани преку советникот на СДСМ во Град Скопје кај Петре Шилегов, Бојан Ивановиќ. И оттука прашуваме, дали е ова вистина? Јавно прашуваме, дали СДСМ ќе преземе одговорност за ова што се случува со овие скандалозни тендери, дали Петре Шилегов ќе побара оставка од својот советник Бојан Ивановиќ, дали Коста Петров ќе го раскине спорниот тендер и ќе направи ревизија на претходните тендери кои што ги добил советникот од СДСМ и дали конечно Антикорупциска комисија која стана експерт за прикривање корупција на власта, конечно ќе отвори случај да ги истражи овие тендери?, праша Арсовски.

Вели дека премиерот Заев е тој што треба да каже дали ќе се ревидира или раскине тендерот.

-Во спротивно, доколку сето ова остане статус кво, ова е резултатот на СДСМ клептоманска. Ако стотици илјади евра завршуваат кај советници од редовите на СДСМ од Град Скопје, може само да замислите колку пари на граѓаните од буџетот на Република Македонија завршуваат кај министрите и другите функционери коишто се од повисок ранг на СДСМ и власта, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега