Арсовски: Дијалогот со ССМ никогаш не беше прекинат, а продолжуваат и разговорите со гранковите синдикати
Дијалогот никогаш не беше прекинат, а продолжуваат и разговороите со гранковите синдикати, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски на прашањето дали Владата ќе одговори на барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектори, задолжителна исплата на регрес за годишен одмор од следната година се со цел да го спречи штрајкот на 22 јуни.
– Владата донесе одлука при што е формирано тело за помирување во одборот за помирување од страна на работодавачи и членови се заменик претседателот на Владата за економски прашања , министерот за финансии и министерката за труд и социјална политика и министерот за информатичко општество и администрација, рече Арсовски.
Сојузот на синдикатите на Македонија побара линеарно зголемување на платите во јавниот сектори, задолжителна исплата на регрес за годишен одмор од следната година се со цел да го спречи штрајкот на 22 јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа